Страшна сообраќајка на патот Охрид-Ресен: Едно лице итно однесено на скопските Клиники

Вчера во 22 часот на магистралниот пат Охрид–Ресен после село Косел, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од 46-годишниот С.Ј. од Охрид и патничко моторно возило „Киа Сефиа“ со битолски регистерски таблици управувано од 33-годишниот Ј.П.од Битола. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.Ј. кој по укажаната лекарска помош во болницата “Свети Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил препратен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.

 

 

 

19.01.2018 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега