Авганистанец нападнат со нож во Македонија

Вчера во 18:30 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, 31-годишниот С.А.  од Авганистан пријавил дека на 16.01.2018 година околу 19 часот бил депортиран од страна на полициски службеници од Србија на територијата на Р.Македонија во реонот на село Лојане. Потоа пристигнал во село Ваксинце каде преноќил две ноќи во куќа кај непознато лице за што му платил 40 евра.

На 18.01.2018 година околу 12 часот си заминал со намера да оди во кампот во Табановце, но во село Ваксинце бил нападнат со нож од едно лице кој му нанел расекотина на лицето во пределот на левиот образ, а други неколку лица го удирале со тупаници и клоци во предело на телото, по што му одзеле мобилниот телефон и 600 евра, а потоа го напуштиле местото на нстанот.

Оштетениот побарал помош во  канцеларијата на Црвениот Крст во село Лојане и со нивно возило бил пренесен транспорниот центарот во Табановце, по што настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

19.01.2018 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега