Битолчанец ограбен среде бел ден - украдени девизи, денари и злато

Во четвртокот било пријавено дека истиот ден во времето од 12:15 до 15:10 часот во Битола на улицата „Анести Пановски“ непознат сторител извршил тешка кражба во куќата сопственост на 58-годишниот Л.Ј. 

Имено, сторителот со употреба на подесен алат делувал на прозорот од гаражата од приземниот дел од куќата, по што влегол внатре и одзел околу 7.000 евра, 130.000 денари и златен накит по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари. 

Увид извршила увидна екипа од СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

 

19.01.2018 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега