Директорот на Драмски театар добил заканувачко писмо

В.д. директорот на Драмски театар-Скопје Сашо Тасевски вчера пријавил дека истиот ден во 10:30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него.

Откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

19.01.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега