Заев и Ципрас во среда на средба во Давос

Премиерот Зоран Заев во среда во Давос, Швајцарија, ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

На средбата ќе разговараат за имињата ставени на маса за решение на спорот со името, како и текот на работите што треба да ги направат работните групи, предводени од министрите за надворешни работи.

Имињата кои се предложени и се споменуваат во грчките и во домашните медиуми се Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија, Република Македонија во заграда Скопје, но сите да се читаат на македонски, а напишани на латиница.

Како што беше најавено од Владата, Заев  ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

 

 

 

 

20.01.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега