Тешка сообраќајка во близина на Пробиштип- пет лица тешко повредени

Вчера во  16 часот и 25 минути на улица „Миро Барага“ во близина на излезот од Пробиштип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Мерива“ со кочански регистерски таблици управувано од 32- годишниот Д.Н од Кочани и патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со струшки регистерски таблици управувано од 53- годишниот К.Д од Пробиштип.

- Од страна на Територијалната противпожарна едниница-Пробиштип било интервенирано и од возилото „Сеад Толедо“ биле извлечени возачот К.Д. кој што заедно со еден од неговите сопатници Г.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите двајца сопатници А.Д. и С.Д. се здобиле со телесни повреди. Исто така со телесни повреди се здобил и возачот на “опел-от“ Д.Н- се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

21.01.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега