Одземено возило со грчки регистерски таблици на граничниот премин Табановце

Вчера во 18 часот и 30 минути на Граничниот Премин-Табановце на влез во Македонија, било одземено возило.

-При извршена контрола на патничко моторно возило“Опел вектра“ со грчки национални ознаки управувано од 55- годишниот  И.Д од Прокупље, Србија било утврдено дека возилото е предмет на потрага во АСФ базата на ИНТЕРПОЛ на украдени возила- се вели во соопштението.

Возилото било одземено и предадено на  полициски служебеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

 

 

 

21.01.2018 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега