Претепано младо момче префрлено во болница во Куманово

Утринава околу 03,00 часот било пријавено дека 23- годишниот  Д.Д од Куманово додека бил заедно со негови другари во ноќен клуб во Куманово, 23- годишниот М.С од село Умин Дол– кумановско започнал вербална расправија со него и почнал да му се заканува.

Од МВР велат дека, М.С. го фатил за вратот и со тупаница го удрил во пределот на лицето, а потоа уште неколку лица се нафрлиле врз Д.Д., при што во еден момент Д.Д. почувствувал болка и крварење во пределот на десниот колк. Д.Д. бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му е укажана лекарска помош.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.01.2018 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега