Вујовиќ не може да се помири со „кражбата“ против Германија- откри зошто застана пред голот

Вујовиќ беше казнет бидејќи протестираше и го навредуваше водството на ЕХФ, но никако не може да се помири, како што вели, со кражбата против Германија.

На точно 11 секунди пред крајот Под Друкс погоди за 24-24 и се чинеше дека Германците, по негативата од шест гола, ќе стигнат до бод. Словенците повторно постигнаа гол, а потоа беше досуден седмерец, бидејќи според мислењето на судијата, еден словенски играч го попречувал изведувањето од центарот. Германците се извлекоа, а Вујовиќ застана на гол да го брани пеналот- пишува Спорт

„Кога челниците на ЕХФ ќе дојдат кај нас на првенства, ги пречекуваме како лордови - скапи возила, хотели, ложи, храна, музика, ние паѓаме на колена пред нив. Во Германија се како бубалици“, изјави Вујовиќ.

„Само доколку физички го попречуваш противникот да го изведе стартот во последните 30 секунди од натпреварот, тогаш е пенал и црвен картон. Мојот играч не ги ни чепна, а судиите не знаеле како гласи правилото. Ни зедоа 1.000-2.000 евра за жалба, а потоа ни кажаа дека немаме право да се жалиме. Голманот на Германците го влече за ракав судијата и го тера да ја прегледа снимката. Директорот на репрезентацијата им се симнува на терен, каде не му е дозволен пристап, и врши притисок. И потоа Словенија не може да се жали. Знам дека не можат да го поништат натпреварот, но коректно е да ја признаеш грешката, да ги суспендираш Литванците, а не да испаѓа како дека само јас плачам“, додаде Вујо.

„Застанав на гол за да ја одбранам честа на нашата и честа на сите „мали“ земји“, заклучи екс-тренерот на Вардар.

 

 

 

21.01.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега