Ристовски: Реалноста не спушти на земја, ова е добра лекција за помладите

По загубата од Шпанија на Европското првенство, голманот Борко Ристовски видно разочаран истакна дека овој пораз е добра лекција за нашата репрезентација, а посебно за помладите :

„Шпанците ни ја лимитираа играта, не знаеја многу добро. Мислам дека Шпнија одира фантастично во одбрана, како од ракометните учебници и мораме многу да научиме од овој натпревар. Малку се занесовме дека имаме кој знае колку шанси за полуфинале, но реалноста не спушти на земја. Ова е добра лекција посебно за младите, да научат како и колку можат да играат на ова ниво за СП или ЕП. Тоа е ценат кога играте со млади играчи, ова е школо за нив, сите треба да ја кренат главата горе. Шпанија е Шпанија. Одигравме натпревар колку што дозволија тие. Шпанција одиграа тактички многу добро. Сите оние наши грешки ги искористија во контра и полуконтра“, изјави Ристовски.

 

 

 

21.01.2018 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега