Поради оваа промена Марк Цукерберг ќе остане без 3 милијарди долари- корисниците на Фејсбук задоволни

Од Фејсбук велат дека се уверени дека промената долгорочно е исплатлива и дека им е најважна среќата на корисниците.

Кога во четвртокот беше објавено дека Фејсбук го враќа старото издание, односно дека на ѕидот повторно ќе ги гледаме објавите на нашите пријатели, а не платените огласи или содржините на компаниите и медиумите, вредноста на акциите на Фејсбук веќе во петокот падна за скоро проценти.

Форбс пресмета дека овој потег Марк Цукерберг ќе го чини 3,3 милијарди долари, што е околу 4,4 проценти од вкупното лично богатство.

Цукерберг очигледно подлегна на притисоците, затоа што во 2017 години прими милиони критики за изгледот на насловната страна на Фејсбук која често е натрупана со огласи од фирми.

-Едно од подрачјата кои ќе ги средиме во 2018 година ќе биде желбата времето поминато на Фејсбук да биде квалитетно поминато. Го направивме Фејсбук како би им помогнале на луѓето да останат поврзани и како би се зближиле со луѓето кои ни се важни. Затоа пријателите и семејството секогаш ги стававме во сржта на тоа искуство. Истражувањето покажува дека зајакнувањето на нашите односи допринесува на нашата добрина и среќа. Но во последно време добивме  повратни информации од нашата заедница дека јавните содржини, како што објави од компаниите, брендовите и медиумите, ги задушуваат приватните моменти кои не водат до взаемно поврзување, напиша на Цукерберг.

Од Фејсбук велат дека се уверени дека промената долгорочно е исплатлива и дека им е најважна среќата на корисниците кои сакаат повеќе објави од пријателите, а помалку лажни вести и платени содржини.

 

 

 

 

22.01.2018 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега