Лазаров замина во Загреб: Ќе игра ли капитенот на последните два натпревари?

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров утрово во 9 часот заминал за Загреб каде што врз него ќе бидат извршени детални медицински прегледи по повредата на последниот меч против Шпанија.

Селекторот Раул Гонзалес вчера рече дека за Лазаров ова првенство најверојатно е завршено и дека во преостанатите 2 меча нема да може да смета на него.

Сепак последниот збор ќе го имаат лекарите од Загреб кои треба да ја утврдат повредата и да се види во каква состојба е задниот бутен мускул на најдобриот стрелец на европските првенства на сите времиња.

За Македонија изгледите не се добри. Ако повредата е посериозна Лазаров може да паузира и цел месец, а ако станува збор за истегнат мускул под знак прашалник е колку Кире ќе биде спремен во следните 72 часа да одигра 2 натпревари.

Сепак, оние кои го познаваат Лазаров велат дека капитенот ќе ја искористи и најмалата шанса, доколку таа постои за да се врати меѓу своите соиграчи и да и помогне на Македонија на патот кон полуфиналето.

За тоа имаме уште шанси, особено ако утре ја победиме Чешка.

За навивачите на Македонија останува само да се надеваат дека нашиот лев бек барем со Данска ќе може да истрча на подлогата во Вараждин Арена.

 

 

 

22.01.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега