Крадците оперираа за продолжениот викенд - украдени пари и пиштол од адвокатска канцеларија

Во Струмица на улицата „Ленинова“ во адвокатска канцеларија на 57-годишниот Ж.Л. непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната метална врата, влегол внатре и одзел околу 70.000 денари, 20.000 евра, еден рачен машки часовник, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9мм и црна ташна во која имало 3.000 евра, 5.000 денари, златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

22.01.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега