Лазаров вечерва не тренираше - конечната одлука утре

Македонската ракометна репрезентација вечерва одржа тренинг, но на него не тренираше капитенот Кире Лазаров поради повредата добиена на вчерашниот дуел со Шпанија.

На тренингот покрај вообичаениот „баскет“ се разработуваше и тактиката за утрешниот противник - селекцијата на Чешка.

- Не ја знаеме уште состојбата со Киро Лазаров. Утре ќе видиме како е и што ќе правиме. Репрезентацијата е многу подобра кога е тој таму на теренот, но можно е да играме и без него, изјави селекторот Раул Гонзалез.

РАКОМЕТ МАЖИ

 

 

 

22.01.2018 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега