Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и за финансирање и буџет.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се предлог-законот за изменување и дополнување на законот за електронските комуникации и предлог - законот за изменување на законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, двата во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлог - законот за изменување на законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост во второ читање.

 

 

 

23.01.2018 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега