Најстуденото утро оваа зима - допрва не чекаат тешки денови

Утрово во Македонија беа измерени најниски температури оваа зима. Во три градови во Македонија беа измерени -10 степени ова утро во 7 часот, а тоа се градовите Берово, Маврово и Лазарополе.

Исто така далеку под нулата беше и во Крива Паланка и Крушево со -8, Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со -6, Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со -5, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со -4, а во Гевгелија -1.

Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува 8 сантиметри, во Пожаране 7…

Во наредниот период повторно ќе биде облачно и студено со температури и до - 15.

 

 

 

23.01.2018 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега