Талески: Се беше во наши раце

Нашите ракометари се свесни оти испуштија голема можност да дојдат можеби и до нов историски резултат, а еден од играчите кој признава дека не бил на потребното ниво во таа сама завршница е Филип Талески.

-Како велат од грешките се учи. Сами сме виновни за ова што се случи, одигравме катастрофално во одбраната во последните 10 минути на чело со мене.Тоа беше клучно. Се мачевме цели 50 минути и кога требаше да го дадеме последниот конечен резултат го испуштивме од раце. Се беше во наши раце, толку блиску, а толку далеку до таа посакувана победа-рече Тале и додаде:

-Кога се работи за вакви мечеви, кога се одлучува победникот во последните минути потребна е поголема концентрација. Не знаев што правам, можеби требаше да побарам измена и одмор, но желбата по се изгледа беше поголема од мене и тоа се покажа како погрешна одлука. Сите сме виновни кога губи екипата, ама кога се кршеше резултатот имав доста грешки кои не требаше да ги направам, избрзани шутеви, топка во раце.

Во однос на отсуството на капитенот Кирил Лазаров и утрешната средба со Данска бекот на Рајн Некар Левен вели:

-Ние дадовме се од себе да не почувствува отсуството на Лазаров, кога беше се како што треба беше убаво, ама кога се случи тој пад мислам оти головите на капитенот многу ќе ни значеа, што е тука е. Ни останува уште една средба, треба да одиме на победа ако сакаме повисок пласман. Мора да го дадеме максимумот, да изгинеме на терен и ако славиме може да се бориме за тоа петто место. Ова беше првенство на кое покажавме дека можеме да се носиме со сите со исклучок на средбата со Шпанија.

Извор: Дерби

 

 

 

23.01.2018 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега