Измени на Законот за заштита на укажувачи декнеска во Собрание

   

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи денеска во прво читање ќе ги разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Основна цел на предложените измени и дополнувања е усогласување на Законот за заштита на укажувачи со препораките што за него ги даде Венецијанската комисија на 15 март минатата година за надминување на непрецизноста и обезбедување внатрешна усогласеност на законските одредби што ги уредуваат каналите за заштитено пријавување и заштитата на укажувачите.

Со него треба да се унапреди легислативата со која се уредуваат каналите за заштитено пријавување и заштита на лицата (укажувачите) кои заради заштита на јавниот интерес пријавуваат незаконито и недозволиво постапување во јавниот и приватниот сектор.

Законот за заштита на укажувачи, е донесен во ноeмври 2015 година, а стапи во сила во март 2016 година, ги уредува заштитеното пријавување во јавниот и приватниот сектор, заради заштита на јавниот интерес, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.

Изготвувањето предлог текст за измени на Законот за заштита на укажувачи, со цел усогласување на Законот со препораките на Венецијанската комисија и Европската комисија, е предвидено со Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

 

 

 

24.01.2018 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега