Судиите ќе одлучуваат за притворот на режисерот Борис Дамовски

Осомничениот за настаните во Собранието, режисерот и продуцент, Борис Дамовски, во 14 часот преку неговиот адвокат од апелационите судии ќе побара да му биде укиинат притворот кој го издржува во затворот во Шуто Оризари.

Нему првично му беше определен куќен притвор, но откако Обвинителството поднесе жалба, кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи претходната одлука и определи притвор, мерка, која беше продолжена.

Досега скопска Апелација на јавни и нејавни седници ги потврди одлуките на кривичниот суд за сите осомничени за настаните во Собранието.

 

 

 

24.01.2018 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега