Видео: Драмата одиграна со Чешка спакувана во 3 минути

Ракометната репрезентација на Македонија на синоќешниот натпревар против Чешка ја имаше победата во раце, но ја испушти. Иако ракометарите водеа со шест гола во еден интервал од натпреварот, на крајот загубија со 24-25.

Манасков имаше шанса да донесе реми од пенал, но сепак, не успеа да погоди откако Галиа го фати неговиот пенал на самиот крај од мечот.

Поради неуспехот, Македонија ги загуби шансите за полуфинале и единствено може да се надева на меч за петтото место.

Најдобар стрелец беше Хорак со осум гола, а го следеше Каспарек со шест, додека кај Македонија, Филип Талески заврши со пет гола, а Велковски, Стоилов и Мируловски запишаа по четири гола.

Македонија наредниот натпревар го игра  вечерва, во 18:15 часот против Данска.

Драмата одиграна вчера, спакувана во триминутно видео погледнете ја ОВДЕ.

 

 

 

24.01.2018 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега