Почнува судење за предметот „ТНТ“

Во кривичниот суд почнува судењето за уривањето на станбениот комплекс „Космос“.

Во предметот, кој според новиот распоред на судии ќе го суди Огнен Ставрев, првообвинет е екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Покрај него, обвинети се уште 6 лица: ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт. Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за Трајковски, но Апелациониот суд во Скопје, наместо таква мерка, му го одзеде пасошот и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот.

За овој предмет 26 бомби се докази во постапката.

 

 

 

 

24.01.2018 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега