Без Кире Лазаров вечерва - Македонија против Данска

Македонија по двата пораза ги загуби шансите за полуфинале, но се уште има теоретски шанси за третото место во Групата 2 и учество во натпреварот за петтото место кое обезбедува директно учество на следниот Мундијал.

За да се случи тоа, Македонија треба да ја победи Данска, Шпанија и Германија да не одиграат нерешено и Словенија да ја совлада Чешка.

 

 

Откако го загуби дуелот со Чешка, а со него и шансите за полуфинале, Македонија нема многу резултатски мотиви за играње, па затоа Кире Лазаров нема да ризикува, информира порталот Спорт1.

Селекторот Раул Гонзалес ја искористи последната замена на Европското првенство да го извади Кире Лазаров од составот. Капитенот нема да биде меѓу 16-те за денешниот натпревар со Данска, а на негово место шанса ќе добие Гоце Ојлески.

-Лазаров се повреди на натпреварот со Шпанија, во неделата и беше неизвесно дали воопшто ќе може да стапне на терен до крајот на шампионатот. Сепак, по два дена во Загреб на прегледи и третмани, синоќа излезе против Чешка, сам околку да ги изведува пеналите, потсетува порталот.

Ојлески првпат ќе добие шанса и многу веројатно е дека ќе го почне вечерашниов меч, за да го одмени досега единственото лево крило во наата репрезентација, Дејан Манасков.

Средбата Македонија – Данска почнува во 18:15 часот. Претходно од 16 часот играат Словенија – Чешка, а во вечерниот термин од 20:30 се среќаваат Германија – Шпанија.

Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3.

 

 

 

24.01.2018 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега