Хорак со провокативен коментар по победата и досудениот пенал за Македонија

Најефикасниот чешки ракометар во вчерашниот меч против Македонија, Павел Хорак потенцира дека ЕХФ и ракометниот свет и дале последна шанса на Македонија да се врати во шампионатот со пеналот кој го досудија судиите, притоа заборавајќи дека руските судии лесно можеа да го прогласат голот за валиден.

– Сатисфакцијата е навистина голема, особено по тоа што се случи на крајот. Беше очигледно дека ракометниот свет се обиде да им даде шанса на Македонците. И покрај тоа, ние на крајот успеавме да ги победиме нив на големо натпреварување и никој не може да ни каже ништо, – провокативно порачува Хорак кој дава коментар и за тоа зошто Лазаров не го шутна последниот пенал кој не го претвори во гол Манасков.

– Лазаров го утна претходниот пенал, па можеби тој не веруваше во себе. Или пак, нивниот тренер одлучи дека е подобро да шутира друг. Сепак за тоа ќе треба да ги прашате Македонците директно, завршува чешкиот бек.

 

 

 

24.01.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега