Обвинетите во „ТНТ“ се изјаснија за невини (фото)

„Знам за што сум обвинет, но не се чувствувам виновен“, изјави поранешниот премиер Никола Груевски на судењето за рушењето на станбениот комплес „Космос“, кое почна денеска во кривичниот суд во Скопје. И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се изјасни дека не е виновен.

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, пак, рече дека технички го разбрал обвинението, но не и суштински, но не се чувствува виновен. Вработените во Гази Баба исто така рекоа дека разбрале за што се обвинети, но и тие не се чуствуваат виновни. Сопственикот на „Космос“, Фијат Цановски, бара домашно и меѓународно вештачење, но и оштетно побарување за рушењето на неговиот објект

 

 

 

24.01.2018 - 11:51
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега