Гонзалес откри зошто во игра не го стави Кузмановски

По синоќешниот пораз на Македонија против дуелот со Чешка, исчезнаа и нашите надежи и соништа за полуфиналето.

Селекторот Раул Гонзалес и самиот истакна дека токму овој натпревар беше шансата на Македонија која ја испуштивме.

„Одигравме добро, но немавме среќа во последните моменти. Чешка одигра добро второ полувреме. Нашата шанса беше во овој натпревар, утре е нов натпревар“ - истакна вчера Раул, кој откри и зошто Филип Кузмановски, кој беше еден од најдобрите играчи во мечот против Црна Гора, остана на клупата.

„Немаше потреба. Имавме игра, имавме резултат. Не е повреден, како што реков Македонија имаше резултат“, беше краткиот кометар на шпанскиот стратег за Спортмедиа.мк

 

 

 

 

24.01.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега