Тешка кражба во опремна станица на Македонски железници во Трубарево

На 23.01..2018 година во 23 часот 46-годишниот О.С. пријавил дека истиот ден во времето од 17:05 до 19:30 часот од вагон на Македонски железници лоциран на опремна станица село Трубарево била извршена тешка кражба при што бил одземен еден распоредник за кочење.

Имено сторителот со употреба на физичка сила и погоден алат ги оштрафил трите штрафа кои го држеле распоредникот на вагонот, го одзел и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противравна имотна корист од околу 160.000 денари, стои во соопштението од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.01.2018 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега