Последен ден од разигрувањето на ЕП: Уште три слободни места за полуфинале

Со натпреваите коишто ќе се одиграат денеска во Загреб и во Вараждин ќе биде затворен делот од разигрувањето на Европското првенство, а воедно ќе стане јасно и кои ќе бидат полуфиналистите на овој шампионат. Веќе е јасно дека Данска е првата селекција која што ќе игра во битката за медалите, но останува неизвесно кои ќе бидат другите три состави што ќе им се придружат.

Во комбинација се повеќе селекции, па затоа до одигрувањето на дуелите од 20:30 часот нема да биде познато ништо.

 

Според тоа денеска од 16 часот ќе бидат проследени натпревари меѓу селекциите кои завршија на 3. позиција после првиот круг. Во Загреб на терен излагаат Белорусија и Србија, два состави коишто ги загубија шансите за да нешто повеќе и тие сигурно се на последните две места во групата 1. Во Вараждин во истиот термин се среќаваат Словенија и Чешка, а тука и кај двете репрезентации има надежи за полуфинале.

Терминот од 18:15 часот ќе донесе интересни дуели. Македонија игра против Данска во Вараждин, а Шведска против Норвешка во Загреб.

Во 20:30 часот во Загреб се игра големото дерби меѓу Хрватска и Франција, додека во Вараждин Германија и Шпанија ќе одлучуваат за пласманот понатаму.

Извор: Ракомет 24

 

 

 

24.01.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега