Зимата зема замав - објавен временска прогноза за викендот

Претпладнево ќе има значителна облачност особено на север и на запад, а попладне ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен на север и вдолж Повардарието. Температурата ќе биде во интервал од два до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а од средината на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движе до шест степени.

Во наредните денови следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а најстудено ќе биде утре наутро. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Од утре кон викендот ќе дува претежно јужен ветер и ќе се зголемуваат условите за појава на магла по одделни котлини. За време на викендот се очекува краткотрајно наоблачување без врнежи.

 

 

 

24.01.2018 - 16:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега