Коѕијас се огласи на Твитер: Ставаме крај на иредентизмот

Шефот на грчката дипломатија, кусо по завршувањето на средбата во Давос и изјавите на премиерите на двете земји, се огласи на твитер.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Никос Коѕијас, рече дека со надворешната политика, грчката влада става крај на иредентизмот.

-Со нивната инерција дозволија да се градат „иредентистички Александровци Велики“. Со нашата надворешна политика ставаме крај на иредентизмот. Народот ќе види и ќе суди. Условите се создаваат со нашата активност, а не со глупави инерции, напиша на твитер шефот на грчката дипломатија.

 

 

 

24.01.2018 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега