Нова Демократија: Ципрас и Заев не споменаа ништо за ревизија на Уставот

Од Нова Демократија денеска реагираа по средбата Ципрас-Заев во Давос.

- Решавањето на проблемот меѓу Грција и ПЈРМ како неопходен предуслов ја има ревизијата на Уставот на соседната земја за да се смени нејзиното име и да се елиминираат иредентистичките позиции. За овој клучен параметар ниту господинот Ципрас ниту господинот Заев не споменаа ништо. Јасно е дека господинот Ципрас не може да преговара врз база на националниот интерес, коментираат од Нова демократија во нивното соопштение, пренесува МИА.

 

 

 

24.01.2018 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега