Ова се четирите репрезентации кои ќе играат во полуфиналето на ЕП во ракомет

Франција и Шведска од Групата 1, а Данска и Шпанија од Групата 2 се четирите репрезентации кои се пласираа во полуфиналето на 13. Европско првенство што се одржува Хрватска, по одигрувањето на третото коло од Главната фаза што се играше во Загреб и Вараждин.

Откако загуби од Франција во последниот натпревар, домаќинот Хрватска извиси од можноста да се бори за медал и во петок против Чешка ќе игра за петтото место на првенството кое на крајот ќе има нов шампион бидејќи се уште актуелниот првак Германија не успеа да се пласира во најдобрите четири репрезентации.

Македонија ќе заврши на 11. место на крајот откако со пораз од Данска го заврши својот настап на континенталниот собир.

Резултати 3. коло – Група 1 (Загреб):

Србија – Белорусија 27:32

Шведска – Норвешка 25:28

Хрватска – Франција 27:30

Табела:

1. Франција 10 бодови

2. Шведска 6

3. Хрватска 6

4. Норвешка 6

5. Белорусија 2

6. Србија 0

Резултати 3. коло – Група 2 (Вараждин):

Словенија – Чешка 26:26

Македонија – Данска 20:31

Германија – Шпанија 27:31

Табела:

1. Данска 8 бодови

2. Шпанија 6

3. Чешка 5

4. Словенија 4

5. Германија 4

6. Македонија 3

 

 

 

25.01.2018 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега