Страшна глетка во шумата на Гази Баба - заминал да трча и пронашол обесен маж

Безживотно тело на маж било пронајдено вчера во шумата на Гази Баба.

Околу 12:30 часот во Единицата за известување и команда-Скопје, случаен минувач пријавил дека додека трчал во парк шумата „Гази Баба“ - Скопје, во летниковец го видел телото на 38-годишниот С.З.од Скопје обесено на греда.

Од страна на доктор од итна медицинска помош е констатирана смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на судска медицина за обдукција.

 

 

 

25.01.2018 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега