Скопјанец заврши на „Карил“ откако сам се прободе со нож

Вчера во 11 часот и 30 минути во Единицата за известување и команда -Скопје, телефонски од страна на доктор од итна медицинска помош било пријавено дека во село Трубарево 61- годишниот Д.А бил прободен со нож.

- По извршениот разговор со таткото на повредениот, тој кажал дека Д.А. во еден момент разочаран и видно изнервиран почнал главата да ја удира во ѕид, по што земал нож и си нанел еден убод во пределот на градниот кош- се вели во соопштението од полиција.

Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување .

 

 

 

 

25.01.2018 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега