Старица со изгореници по телото пренесена на скопските клиники

Вчера во 12 часот и 40 минути во Пoлициска станица Пробиштип од Територијална противпожарна единица Пробиштип пријавен е пожар.

Од МВР соопштуваат дека со повреди се здобила 87- годишната Б.М од Пробиштип.

Од страна на увидна група од Полициската станица Пробиштип и инспектор од Дирекција за заштита и спасување -Пробиштип извршен е увид при што е констатирано дека во текотна вчерашниот ден околу 12 часот и 30 минути  од засега неутврдени причини дошло до запалување  на  огревни дрва кои се наоѓале пред влезот на куќата на улица Илинденска во Пробиштип, во која живеела Б.М и која во пожарот се здобила со изгореници на телото.

Со возило на Здравствен дом Пробиштип повредената е префрлена до Клиничка болница “Штип“, од каде поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.  

 

 

 

25.01.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега