Веселин Вујовиќ обвини за двојни аршини и неправилно применување на правилата кои ги налага ЕХФ, бидејќи како што вели тој, според сите пропорции во новото правило, неговиот тим требал да добие пенал во последната секунда на дуелот со Чешка и да има шанса за победа.

Словенија и Чешка во исклучително драматичен дуел ги поделија бодовите и одиграа 26:26, со тоа што Чесите во последниот напад ја погодија гредата, а Словенците не успеаја да го довршат истиот поради истек на времето. Токму овој последен напад на Словенците е она што го налути популарниот Вујо, бидејќи тој смета дека имало прекршок над неговиот играч пред да ја уфрли топката во контра-напад, нешто што во последните секунди се казнува со пенал според новиот правилник, пишува Дерби.

– Според критериумите кои ни беа објаснети од страна на луѓето на ЕХФ, прекршок во последните секунди се казнува со удар од седум метри. Во нашиот последен напад, судиите одлучи да не ни досудат пенал во наша корист, нешто што беше нивна морална одговорност и требаше да го направат. Најдобра работа е што ова Европско првенство заврши за нас. За некој важеа правилата, за некој не. Цело Европскот првенство, критериумот на судиите одеше против нас. Еве и овојпат не оштетија за пенал како што доби Германија во дуелот со нас, вели Вујовиќ, пренесува Дерби.мк