Извештајот за АКМИС-системот стигна во Јавното обвинителство

Извештајот за АКМИС-системот од Министерството за правда, после еден месец стигна во Јавното обвинителство. Од Обвинителството потврдуваат дека извештајот е пристигнат и дека по него веќе се постапува, но не откриваат повеќе детали.

АКМИС е систем во судовите кој треба да гарантира автоматизирана распределба на предметите кога ќе стигнат во судовите. Експертскиот тим од министерството за правда нотираше бројни злоупотреби, што може да повлече кривична одговорност за судиии или други лица ако се докаже дека намерно делеле предмети на рака кај одредени судии.

Со контролата на министерството беше опфатен периодот од 2015 и 2016 година, а тогаш на претседателските столчиња во Кривичниот суд седеа Владимир Панчевски, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев. Во Врховниот суд пак во тој период беа Снежана Бајлозова, Лидија Неделкова и актуелниот претседател Јово Вангеловски.

Тоа што обвинителството сега треба да го утврди е каква одговорност ќе носи оваа злоупотреба, односно учесниците ќе треба да одговараат кривично.

 

 

 

25.01.2018 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега