Мултимедијалниот центар во Штип уредува спомен соба за Киро Глигоров

Дел од личните предмети, книги, публикации, ордени и пијаното на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров ќе бидат изложени во општинскиот Мултимедијален центар во Штип, кои како што рече штипскиот градоначалник Благој Бочварски на денешната прес-коференција се подарени од семејството на Глигоров.

- Нашата институција ја презема одговорноста да води грижа и за предметите што некогаш биле во лична сопственост на претседателот Глигоров, но и за зачувувањето од заборав на неговите големи достигнувања, за да му го обезбедиме вистинското место во историјата на нашата земја - рече Бочварски.

Тој, како иницијатор за отварање на спомен собата и Мултимедијалниот центар да го носи името Киро Глигоров, очекува наредната недела советниците на седница на Советот на општина Штип да ја изгласаат одлуката, со што, како што рече ќе се покаже доблест и пример како треба да се зачува и одржува споменот на ликот и делото на Глигоров.  

 

 

 

25.01.2018 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега