Државниот врв на Молитвен појадок со Трамп - присуството на Заев не е потврдено

Државниот врв на Македонија и оваа година ќе присуствува на Молитвениот појадок во Вашингтон, каде што учествува и претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштуваат од Владата за „Макфакс“. 

„Во Владата пристигна покана за учество на Молитвен појадок во Вашингтон и истата беше адресирана на име на премиерот. Сè уште не сме сигурни дали тој ќе присуствува, а тоа зависи од неговата агенда“, изјавија од Владата за „Макфакс“.

За разлика од изминатите години, кога како прв човек на Собранието, експретседателот Трајко Вељаноски беше на молитвените појадоци, оваа година покана нема за Талат Џафери.

„Од Собранието ќе присуствуваат тројца пратеници. Александар Кирацовски од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ“, велат од собраниските служби.

Покрај централната церемонија која ќе ја отвори Трамп, организирани се и цела низа настани и активности, како надополнување на целата манифестација.

 

 

 

25.01.2018 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега