Вокер: Решавањето на името ќе значи поголема стабилност на Западен Балкан

Решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција ќе доведе до голема стабилизација на Западен Балкан, смета поранешниот амбасадор на САД во НАТО и актуелен специјален пратеник на Обединетите нации за Укриана, Курт Вокер.

- Секако дека сакам да видам напредок во решавањето на спорот со името. Тоа ќе биде во интерес на двете земји. Верувам дека има надеж и оти ќе видиме напредок - нагласи Вокер во изјава за новинарите во Брисел, пренесува МИА.

Поранешниот амбасадор смета дека Балканот и натаму е мошне „нестабилен и непријателски“ регион, поради што мора да се решат сите отворени прашања.

Коментирајќи го односот на Москва, Вокер вели дека Русија нема да се помири со фактот дека Македонија ќе влезе во НАТО и дека ќе ја искористи секоја можност тоа да го оневозможи. 

 

 

 

25.01.2018 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега