Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво

Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на дизел гориво, по допрен глас во врска со злоупотреба, информира денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Предистражната постапка, се вели со соопштението, е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите.​ 

 

 

 

25.01.2018 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега