Ден на жалост во Тетово - само бабата и дедото успеале да се спасат од пожарот

Четири деца на возраст од 5 до 14 години и нивната мајка Фатима Зулбехари загинаа во пожарот што утринава го зафати нивниот дом на улицата Гоце Делчев во Тетово, а настанот ја потресе цела Македонија.

Пожарот првично почнал во вториот кат каде и спиеле жртвите, а потоа се проширил кон долниот кат и соседната куќа. Од првиот кат успеале да се спасат бабата и дедото на жртвите, додека во соседната куќа немало жители.

Иако пожарникарите велат дека стасале на време, роднините ги обвинија општинските власти за задоцне интервенција, пренесе Алсат.

- „Се согласувам со пријателот дека се обидуваа да се пробијат низ овие работи, а вие во вашите канцеларии дозволувате да се уништи се. Доцнеа 15 или 20 минути доцнеа откако зема замав огнот, многу се 20 минути. За 20 минути гори цела куќа, велат жители за Алсат.

Во Тетово денеска е прогласен ден на жалост.

 

 

 

25.01.2018 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега