Ќерката на Чавков на Фејсбук: На татко ми му е се полошо, срцевата функција му е намалена за 50%

Ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, кој е во притвор за настаните во Собранието во април, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук и напиша дека состојбата на татко и е многу влошена.

Таа на својот Фејсбук профил споделила статус во кој пишува дека неговата срцева функција е намалена за 50 отсто.

Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи. Тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците и новинарите.

 

 

 

25.01.2018 - 17:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега