Екстремно ниски температури наутро - и утре не чека тежок ден

Утринава најстудено беше Берово каде се измерни – 13 степени, во Маврово -11, во Лазарополе и Крива Паланка -10, во Скопје Петровец, Пожаране, Крушево и Прилеп -8, во Скопје Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Тетово, Битола, Штип и Струмица -7, во Виница, Дебар, Тополчани, Ѓуриште -6 степени, и во Гевгелија и Охрид -5 степени.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Утре и во сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

 

 

 

25.01.2018 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега