Борисов го охрабри Заев да го реши спорот со Грција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов го охрабри македонскиот премиер Зоран Заев да ги продолжи преговорите со Грција, додека не се реши спорот за името.

Борисов и Заев се сретнаа на маргините на Светскиот економски форум во Давос, а оваа средба доаѓа по неколку часовната средба на Заев со Ципрас синоќа, по која изјави дека ќе се преименува автопатот од Александар Македонски во Пријателство, како и дека ќе се смени името на аеродромот.

Бугарскиот премиер вели и дека Западен Балкан е исклучително важна тема на самитот и дека регионот има шанса да изгради модел на соработка од кој други земји ќе учат.

Инаку, неодамна Бугарија го ратификуваше Договорот за добрососедство со Македонија.

 

 

 

25.01.2018 - 18:49
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега