УЖ на ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит на Тоше Проески

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Крушево, по повод денот на раѓањето на Тоше Проески го посети неговиот гроб и оддаде почит.

-Тоше Проески беше и засекогаш ќе остане во нашите срца, тој беше голем хуманист, човек што знаеше да помогне на сите, уметник со огромно срце и душа во која имаше место за сите. Тоше ја заслужува нашата најголема почит – истакнаа од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Унијата на жени информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности со кои ќе се врши афирмација и оддава почит на ликовите кои оставиле трага во Македонската историја.

 

 

 

25.01.2018 - 19:27
Фото: 
kurir

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега