Средбата Заев-Ципрас и автопатот "Пријателство" топ тема во Грција - се чека Нимиц

Средбата на премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев во Давос, ден по незиното одржување, продолжува да доминира во грчките медиуми, каде се коментира дека климата е позитивна.

- „Подготвени да го пресечат Гордиевиот јазол“ е насловот на текстот во „Етнос“, со коментар дека разговорите биле во многу добра клима, а како главни точки весникот на насловната страница ги одбира, барањето на Ципрас за пакет решение и одлуката за преименување на автопатот и аеродромот, пренесе МИА.

„Катимерини“ коментира дека Атина на маса го поставила прашањето со иредентизмот, додека пак за Скопје е тешко да се направат уставни промени.

Наредната недела во Атина и Скопје се очекува да дојде медијаторот на ОН Метју Нимиц, а утре за неговите предлози изнесени на последната преговарачка рунда во Њујорк ќе разговара македомскиот државен и политички врв.

 

 

 

26.01.2018 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега