Викенд временска прогноза: Зимата ја покажува „силата" - што не чека

Најстудено изутринава беше во Лазарополе и Берово каде се измерени минус 10 степени, во Демир Капија -7, во Крива Паланка, Гевгелија, Струмица и Битола -6, во Маврово, Прилеп, Скопје, Тетово и Штип -5, во Ѓуриште, Дебар, Претор и Пожаране -4, во Виница, Охрид и Тополчани -3 и во Крушево -1 степен.

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА:

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени, а исто и во Скопје со максимални температури до 6 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата. 

 

 

 

 

26.01.2018 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега