Здружението на свештеници на Грција на протестот за „одбрана на името Македонија“

Здружението на свештеници на Грција, по одржан состанок, одлучи да учествуваат на протестот во Атина за „одбрана на името Македонија“, кусо пред вонредниот состанок на Светиот Синод на ГПЦ, а поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, уште еднаш ја повтори позицијата дека ГПЦ е против терминот Македонија во името, и се запраша, јави дописникот на МИА од Атина, дали е можно да се промени „Уставот на Скопје“.

- Не отстапуваме од ставот за името и изведените зборови што ја отстапуваат Македонија, но ова е лесно. Тешкото е: може ли да се смени Уставот на Скопје што говори за поробени луѓе, градови и за многу други работи? Затоа треба да бидеме подготвени, ако сакаме да разговараме за ова прашање, да се соочиме со тешки ситуации, рече синоќа Јеронимос, само неколку часа пред новиот состанок на Светиот синод на ГПЦ, закажан за денес, на кој се очекува да биде разгледано прашањето за името, односно текот на преговорите и закажаниот протест за 4 февруари во Атина.

 

 

 

26.01.2018 - 09:37
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега