Обвинителството бара Дурловски да се премести во куќен притвор

Игор Дурловски од притвор да биде преместен во куќен притвор, а пратеничката Жаклина Пешевска да биде пуштена од куќен притвор и за неа да се одредат други мерки за обезбедување, побара Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

- „Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, се вели во соопштението на Обвинителството

 

 

 

26.01.2018 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега