Рекол нема што да пријави - на Табановце паднал со цел бункер дрога

Бугарски државјанин бил фатен со 20 килограми марихуана на граничниот премин Табановце. Се работи за Р.Б. возач на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблици, кој кажал дека нема што да пријави на цариниците.

- „Меѓу предните седишта на возилото, под теписонот бил пронајден специјално направен бункер кој се простирал под патосот се до задните седишта. Во бункерот биле пронајдени вкупно 71 пакувања, наполнети со марихуана со тежина од околу 20 килограми. Марихуаната требало да  биде пренесена до нарко-пазарите во земјите од западна Европа.  Вредноста на запленетата наркотична дрога при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40 илјади евра“, пишува во соопштението на Царинската управа.

Судијата на претходна постапка на осомничениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

 

26.01.2018 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега